Рама апелира до Вучиќ: Не ги хранете групите на северот на Косово со илузии и алиби
Косово и тензичната ситуација на северот на Косово била една од главните теми на кои се разговарало на средбата во четири очи меѓу премиерот Еди Рама и Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија, кој денеска престојува во Тирана во рамки на официјалната посета на Западен Балкан.
- Ситуација која доцна синоќа имаше сосема неразумна ескалација. Владата на Косово има право, но и должност да ги спроведува договорите со практикување на територијалниот суверенитет што произлегува од независноста во администрацијата на државата. Договорите постигнати со другата страна се договори што треба да се извршат, а не да се дискутираат, рече Рама на заедничката прес-конфренција со Санчез.
Toj ја нарече неразумна ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово и го повикa српскиот претседател Александар Вучиќ „да не храни одредени групи на северот на Косово со какво било алиби или оправдување“.
- Ги повикувам властите во Белград и претседателот на Србија да не даваат никакво алиби или оправдување на одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведување на договор кој е валиден, и за давање поголем кредибилитет на дијалогот Косово-Србија, вели Рама.
Додаде дека го поздравува 30-дневното одложување на имплементацијата на овој договор, што било поздравено од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и побарано од САД. Со Санчез, рече Рама, разговарал и за независноста на Косово, но „одлуката на Шпанија да не ја признае независноста на Косово останува непроменета, тоа е поради причини поврзани со самата Шпанија“.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан