Балкан
26. February 2016 - 13:17

Рама: Албанија нема да стане нова маршрута за мигрантите

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека државата нема да стане нова маршрута за мигрантите кои одат кон Западна Европа.

- Ние ниту имаме услови, ниту сила, ниту ентузијазам да го спасуваме светот, додека други затвораат граници, изјави тој за локална телевизија.

Министерот за интеграции Клајда Ѓуша изјави пак, дека Албанија нема да подигнува ограда за да спречи мигранти и бегалци за влезат на нејзина територија.

Премиерот нагласи дека Албанија не може да го поднесе целиот товар.

- Ако товарот се распредели, ние ќе го преземеме нашиот дел, изјави Рама.

Албанија веќе шест месеци преговара со италијанската Влада во врска со тоа што да прави ако мигрантите дојдат во државата.