Рама: Албанија ќе прими околу 4.000 Авганистанци
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Си -Ен -Ен рече дека земјата ќе прими околу 4.000 Авганистанци и дека не се работи за религија или боја, туку за луѓе.
Рама рече дека Албанија треба да обезбеди засолниште и доверба за бегалците во време на криза, пренесе „Косев“.
Тој посочи дека одлуката на албанската влада да им помогне на Авганистанците не е од религиозна природа, додавајќи дека фактот дека Албанија и Авганистан се претежно муслимански земји, нема влијание врз одлуката на владата да прифати бегалци, пренесе „Газета експрес“.
– Јас сум католик. Мојата сопруга е муслиманка. Двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако сака, може да избере да биде од еврејска вера. Тоа се луѓе без разлика на бојата на кожата, културата или верата – изјави Рама.
Според него, доколку Европската унија и САД одлучат да ја повлечат поддршката за авганистанските бегалци, Албанија нема да го стори тоа, туку ќе им обезбеди азил.
Ново на Сител
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек