Рам Нат Ковинд официјално стана 14-тиот претседател на Индија
Рам Нат Ковинд денеска положи заклетва и официјално е инаугуриран за 14-ти претседател на Индија, со што стана првиот член на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) во историјата, кој стапи на највисоката функција во земјата.
Седумдесет и едногодишниот Ковинд потекнува од Далитите, една од најниските касти во Индија, која брои околу 200 милиони лица.
Аналитичарите семтаат дека изборот на Ковинг ќе му помогне на премиерот Нарендра Моди да добие повеќе гласови на индиските општи парламентарни избори предвидени за во 2019 година.
Ковинд е адвокат и е долги години во политиката. Тој како член на движењето Национална доброволна асоцијација, беше еден од промоторите на Моди како политичар и лидер.
Лидерите на опозицијата пак го обвинуваат премиерот дека пропагира политика на разединување, што би ја претворило Индија во држава во која хиндуизмот има водечка улога.
Во говорот при полагањето заклетва Ковинд сепак истакна дека различностите во Индија се „основата што не прави така уникатна".
- Се поклонувам на граѓаните на оваа величенствена земја и ветувам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја дадовте, рече Ковинд.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот