Раководството на СДСМ си поднесе оставка

Раководството на СДСМ и членовите на Извршниот одбор вчера вечерта псоднесоа оставки на предлог на лидерот на партијата Венко Филипче. Од СДСМ соопштија дека оставки поднеле заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.
Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до лидерот на партијата.
- Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, се вели во соопштението од партијата.
На една од наредните седници на Централниот одбор, Филипче треба да предложи нови членови за органите на партијата, а за функциите, како што велат од СДСМ ќе се бираат најкомпетентни личности.
Ваквиот потег во СДСМ следи по лошите резултати кои партијата ги имаше на последните локални избори.
Промени се најавуваат и во ВМРО-ДПМНЕ по партискиот конгрес кој викендов ќе се одржи во Кавадарци. Премиерот Мицкоски очекува да добие нов 4 годишен претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ кој најави дека ќе му биде последен на лидерската позиција во партијата. На Конгресот се очекува и ВМРО-ДПМНЕ да измени голем дел од партиските тела и раководството.
Конгрес во декември најави и ДУИ кои исто како и СДСМ имаа лош настап на локалните избори. И од Мала Речица се најавува освежување во партијата, без некои поголеми шанси за промена на лидерството.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
