Ракомет
2. December 2016 - 14:47

Ракометарките на стартот со домаќинот Фарски Острови

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска почнува нов циклус натпревари за настап на Светското првенство во Германија 2017 година. Македонија се наоѓа во групата 3 од квалификациите, а во првото коло ривал ни е селекцијата на домаќинот Фарски Острови. Двете првопласирани селекции од групата 3 ќе обезбедат пласман во баражот што ќе се игра во јуни 2017 година. Покрај Македонија и Фарски Острови во групата играат Австрија и Исланд. Дуелот Македонија – Фарски Острови почнува вечерва во 21 часот.
Пред заминувањето за Торшавн, селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симовски изјави:
- Треба да бидеме сериозни во првиот натпревар и да „отвориме“ како што треба и само со сериозен пристап може да дојдеме до добар резултат. Најпрвин треба да прикажеме добра игра, а резултатот ќе дојде сам по себе. 
На квалификацискиот турнир Македонија во второто коло ќе игра против Австрија во сабота, а во последното трето коло противник ни е Исланд.     

Македонската женска репрезентација на последните 19 официјални натпревари претрпе порази.