Ракометарката Робертина Мечевска по ужасната несреќа му се враќа на ракометот

Таа важи за борец на терен, вистински професионалец надвор од теренот. По заздравувањето од падот од петти кат од нејзиниот стан во скопски Аеродром, стружанката, која е дел од македонската ракометна репрезентација, е подготвена за нови успеси и за нови предизвици. Вели тоа што било останува зад неа. Таа повторно е во истиот стан, благодарна на Бога што сѐ уште има можност да ужива во животот. Активна е, подготвува свој камп во Струга.
Како гледаш на животот по падот од петти кат?
Меческа: Многу поубаво. Сега имам поинаков начин на гледање на животот затоа што неколку пати ја гледав смртта в очи. Кога бев во болница имав тешкотии со дишењето, имав болки, еден месец бев во шок-соба. Многу тежок период, не можев да се поместам од место. Потоа поминав две недели на одделение на траума. Имав голема поддршка од мајка ми, од моето момче, мојата пријателка Милка. Имав поддршка од медиумите, од многу пријатели, слушав и читав дека сите се молеле за мене. И од клубот Вардар, од репрезентација. Голема беше поддршката за да бидам денес тоа што сум, им благодарам на сите што беа со мене и што несебично ја даваа љубовта за мене. Му благодарам на целиот медицински персонал во Скопје и во Струга. Јас цело време бев свесна, освен првите неколку дена кога бев под седативи. Се гледав, знаев што се случува, разговарав, но имав големи болки. Најголема благодарност до Бог што ме остави да сум жива и здрава, што сега сум многу посилна, имам многу поголема позитивна енергија, што гледам на животот без тешкотии, минорни се сите проблеми. Најважно е што сум здрава. Амбициозно влегувам во овој живот што ми е поблиску до Бога откако паднав. Сакам да отворам ракометни школи, не само во Скопје, туку и во Струга, Валандово, Охрид, Демир Капија, Вевчани, можеби и во Велес, во градови каде што е запоставен ракометот. Ќе гледам да бидам секаде по малку, ќе поставам тренери што се професори по физичко, ќе им давам програма за работа, а кога ќе можам ќе ги посетувам дечињата.
Поинаку гледаш на работите, ги занемаруваш проблемите и сфаќаш дека не се толку битни во животот, не заслужуваат внимание.
Меческа: Секако, воопшто не се оптоварувам со ништо. Јас сум среќна што имав толку малку повреди, имаше голема веројатност да бидам инвалид ако останев жива. Но жива сум, не сум инвалид, среќна сум, имам многу планови, супер ми е. Така нека им биде на сите – нека не се оптоваруваат со ништо, тоа што било поминало, секој има проблеми во животот, но на нив треба да гледаме попозитивно. Сѐ може да се случи во животот, но нема потреба од навраќање наназад. Сѐ може да се реши.
Извор: Република
Ново на Сител
-

Трамп: Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е лошо за британското кралско семејство
-

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
