Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21.
Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од 6-0 за првото и единствено изедначување. Во последните 20 минути „вардарци“ ја консолидираа одбраната и стигнаа до посакуваната победа.
Најефикасен кај Вардар беше Дмитро Горига со 7 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Златко Раужан со 9 голови.
Вардар следниот натпревар од групата го игра на гости кај Тулуз на 21.октомври.
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
