-->
-->
Ракометарите на Металург се пласираа во финалето на Купот на Македонија
-->

Ракометарите на Металург се првите кои обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија.
Во првиот меч од полуфиналето на завршниот Куп турнир кој се одржува во салата „биљанини Извори’’ во Охрид, екипата на Металург потешко од очекувањата го победи Вардар Јуниор со 30-28 полувреме 19-16.
Најефикасен поединец во победничката екипа на Металург беше Филип Талески со 8 погодоци, два повеќе од Костески кој мечот го заврши со 6 гола. Во тимот на Вардар Јуниор прв стрелец беше Црногорецот Ристо Вујачиќ со 7 гола.
Со тоа тимот од Автокоманда го обезбеди местото во утрешното финале, во кое за противник ќе го има победникот од вториот полуфинален меч меѓу Вардар и Охрид, кој ќе се игра вечерва, а во кој актуелниот шампион и бранител на трофејот Вардар е апсолутен фаворит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
