Ракиќ: Српска листа нема да учествува во консултации за конститутивната седница на косовското собрание

„Српска листа“ нема да оди на консултации за датумот за оддржување на конститутивната седница на косовското собрание, денеска изјави претседателот на „Српска листа“, Горан Ракиќ.
-Како претседател на „Српска листа“ се заблагодарувам на поканата за консултации за датумот за одддржување на конститутивната седница на Собранието и можам да кажам дека „Српска листа“ нема да оди на тој состанок. Пратениците на „Српска листа“ ќе се појават на поканата за верификација на мандатите во согласност со законот, но не сакаме српските пратеници и српскиот народ да бидат меѓу чеканот и наковалната, соопшти Ракиќ.
Претседателот на „Српска листа“ истакна дека, откако ќе биде познато името на мандатарот, ќе се извршат консултации со Белград и ќе се донесе одлука за евентуални коалиции.
-Подготвени сме за разговори бидејќи дијалогот нема алтернатива, но подготвени сме и да ги вкрстиме политичките копја за да ја продолжиме политиката на мир, што ја почна претседателот Александар Вучиќ. Нас не не интересираат функции и бројот на министерски места, туку подобриот живот за Србите на Косово, наведе Ракиќ.
Ново на Сител
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
-

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
