Ракија од јапонско јаболко се прави само во Стојаково

На сите им е познато дека ракијата се прави од овошје, најчесто од грозје,слива,кајсија и круша,но малкумина знаат дека во селото Стојаково (општина Богданци) почна да се произведува и од јапонско јаболко.
Неодамна стојачанецот Костадин Воданов успеа прв во Северна Македонија да направи ракија од јапонско јаболко.Човекот желба имал одамна, експериментирал пет години но на крајот сепак успеал да го направи она што досега никој не го направил во нашата држава, а можеби и пошироко.

-Годинава направив неверојатни 300 литри ракија од јапонско јаболко.Тајната на успехот лежи во казанот во кој ракијата се вари три до четири часа како и во трикратниот препек,односно трикратната дестилација, која овозможува од крајниот производ да се отстранат сите штетни состојки, вели Воданов.
Производителот Костадин Воданов посочи дека јачината на ракијата е од 40 до 42 проценти затоа што од ракија со поголема јачина, вели, се губел квалитетот.
Хемиска анализа на ракијата од Стојаково е направена во соседна Грција каде се дошло до заклучок дека ракијата од јапонско јаболко има извонредно добар квалитет и вкус рамен на вискито „Џек Даниелс“.

Воданов вели дека засега нема намера да го брендира својот производ, но дека со тек на време ќе го стори и тоа со надеж целиот свет да дознае за необичната ракија која се прави само во Стојаково.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
