Свет
15. September 2024 - 8:38

Ракета од Јемен истрелана кон Израел

Сирените за воздушна тревога синоќа се огласија во централниот дел на Израел поради ракета истрелана од Јемен.

Ракетата земја-земја беше истрелана кон централниот дел на Израел и падна во ненаселен регион. Во нападот нема човечки жртви и причинета материјална штета.

Израелската армија соопшти дека ракетата била пресретната.

Јеменските бунтовници Хути во јули истрелаа беспилотно летало со долг дострел врз Тел Авив, при што едно лице загина, а четворица беа повредени.

Израел возврати и го рекетираше на јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа три лица, а 87 беа повредени.