Рахој: Каталонскиот парламент да биде формиран до 17 јануари
Шпанскиот премиер Маријано Рахој деенска апелираше каталонскиот Парламент да биде формиран до 17 јануари, откако неодамна беа одржани регионални избори на кои сепаратистичките партиии освоија тесно мнозинство во каталонскиот Парламент.
Тоа е првиот чекор кон повторно формирање на локална Влада во Каталонија.
По формирањето на парламентот, пратениците треба да предложат кандидат кој ќе ја предводи регионалната Влада. За него ќе треба да биде спроведено гласање на доверба.
Се проценува дека партиите кои го поддржуваат отцепувањето на Каталонија од Шпанија можно е да имаат потешкотии при формирањето на влада со оглед на тоа што многумина нивни претставници претходно добија судски пресуди.
Рахој, откако во октомври каталонските пратеници во тогашниот состав, изгласаа Каталонија да биде прогласена за независна република, одлучи да го распушти каталонскиот парламент и да распише предвремени регионални избори.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
