-->
-->
Рахој: Каталонците на избори ќе изразат слободна волја
-->

Каталонците ќе можат слободно да ја изразат својата волја на предвремени парламентарни избори на 21 декември распишани од централната влада, изјави денеска шпанскиот преммиер Маријано Рахој.
На својот Твитер налог тој денеска објави фотографии од собирот за поддршка на единствена Шпанија во Барселона на кој според проценки на шпанските власти имало милион луѓе, а на локалните – околу 300 илјади.
– Слога, коегзистенција и здрав разум, демократија и дијалог во согласност со владеењето на правото, напиша Рахој на Твитер.
– Ние сме Каталонци. Каталонците ќе проговорат слободно на 21 декември, нагласува Рахој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
