Живот
1. November 2017 - 22:34

Рагбист галеше лав па за малку ќе останеше без рака

Велшкиот рагбист Скот Болдвин направи голема глупост во Јужна Африка и за малку ќе останеше без рака.
 
Тој за време на посетата на зоолошката градина во Блумфонтејн ги игнорираше предупредувањата на домаќините и го галеше лавот по глава, преку оградата, забирави дека не станува збор за домашно милениче, па лавот му ја загриза раката.
 
За среќа лавот не успеа потполно да му ја фати раката, па го закачи само неколку заби, а затоа и велшката ѕвезда помина добро, но со длабока рана која е санирана по четири операции.