Рафајловски побара експертска Влада од сериозни луѓе што ќе се откажат од своите интереси и приватните бизниси
Бизнисменот Горан Рафајловски во гостувањето на Сител побара да се формира експертска Влада со цел излез од пандемијата, бидејќи Собранието во моментот е нефункционално и не можат да се донесат законите кои се од клучна важност за граѓаните и бизнисот.
-Го молам политичкото раководство и структури на Република Македонија да се соземе и ако не е способно вака да продолжи, да направи експертска Влада која ќе биде одобрена од политичките партии, која ќе работи 9 месеци без никаква пречка, а ќе и се дозволи и после изборите во првите 100 дена додека се направи Влада да продолжи со истото темпо да работи. И да ја предаде власта на политичката партија која ќе победи, предлага Рафајловски.
Појаснува дека оваа експертска влада треба да ги стави интересите на граѓаните пред сопствените.
-Таа експертска Влада, во буквална смисла на зборот, треба да се најдат сериозни луѓе со сериозно знаење кои што ќе се откажат од своите и лични интереси и приватни бизниси во периодот од една година. Тоа не е никаков проблем. Кој од нив, понатаму, ќе сака да продолжи во политичка Влада нека се враќа на кое ниво како сака. Но, оваа една година или до кога и да треба да направи сериозно помдрнување од оваа ситуација да донесе закони, да се изгласаат закони, да се донесе помош, да се донесат дополнителни пари за стопанството, да се пуштат безкаматни кредити, рече Рафајловски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето