Радовишки „Бучим“ ќе донира 100.000 евра за жителите од поплавените подрчја во Скопско

Рудникот за бакар „Бучим“–Радовиш ќе донира 100.000 евра во фондот за жителите кои беа поплавени во скопскиот регион. Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“-Радовиш, Николајчо Николов за МИА вели дека одлуката ја имаат донесено раководството и вработените во единствениот рудник за бакар во земјава.
- Средствата кои беа наменети за манифестациите за одбележување на Денот на рударите во рудникот Бучим и дополнителни средства од сопственикот на рудникот во висина од 100.000 евра ќе бидат уплатени во фондот за поплавените жители во скопскиот регион. Значи вработените и раководството се откажуваат од прославите на Денот на рударите, со цел да им се помогне на настраданите семејства во скопскиот регион, вели Николов.
Тој додава дека првата половина од годината радовишки „Бучим“ ја заврши со одлични производствени и финансиски резултати и покрај ниската цена на бакарот, која во моментов на Светските берзи изнесува 4.800 долари за тон бакар.
Николов, кој е и претседател на Македонската асоцијација за рударство, вели дека во рударскиот и преработувачкиот сектор вработени се 12.000 работници, а рударскиот сектор учествува со 1 процент во БДП.
- Во првото полугодие е заблежан пад во рударскиот сектор поради неработењето на рудниците за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Но, со рестартирањето на овие два рудника очекуваме да се подобрат производствените резултати во рударскиот сектор, вели Николов.
По повод Денот на рударите на 28.август најавено е и рестартирање на рудникот „Злетово“ во Пробиштип од страна на фирмата „Булмак 2016“, односно на бугарската компанија „Минстрој“ која е новиот сопственик и концесионер на рудниците „Злетово“ и Тораница“.
Ново на Сител
-

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
-

Предложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино
-

Бројот на вработени кои побарале лекарска помош од РЕК Битола се искачи на 120, кујната времено затворена
-

Мицкоски: Треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
