-->
-->
Радовишанец удрил девојче со автомобил и избегал
-->

- На 11.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип, соопшти МВР.
По преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12.10.2024 и со него бил извршен службен разговор. Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
