-->
-->
Радовиш и Гостивар прволигаши, Пелистер и Вардар се селатво Втората лига
-->
Кошаркарите на Радовиш следната сезона ќе играат во Првата македонска лига. Екипата на Радовиш славеше победа со 81-67 во дуелот против Карпош, а во рамките на претпоследното 17.коло во Втората лига.
Со оваа победа екипата на Радовиш го осигура второто место на табелата, па заедно со првопласираниот тим на Гостивар следната сезона ќе биде дел од Првата македонска кошаркарска лига.
Во прволигашката конкуренција и следната сезона ќе играат и екипите на Струмица и АВ Охрид кои во плејаут конкуренцијата зад себе ги оставија Пелистер и Вардар кои ќе се преселат во Втората лига.
Во елитната конкуренција пак, денеска ќе се одигра вториот натпревар од 7.коло во Супер лигата. Во терминот од 18 часот е закажан почетокот на дуелот меѓу Карпош Соколи и Фени Индустри.
Вчера во првиот меч МЗТ Скопје Аеродром по голема борба го совлада Кожув со 79-75. Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Куманово – Работнички која ќе започне од 17 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка