Живот
27. January 2017 - 11:24

Радост кај Претседателот: Внукот на Трамп првпат ползеше токму во Белата куќа

Иванка Трамп (35) е горда мајка која ја сподели снимката од својот 10-месечен син како првпат ползи токму во Белата куќа.

Таа ја сподели оваа трогателна снимка на Инстаграм со натпис: „Имаше толку неверојатни пресвртници во минатите неколку недели - вклучително и тоа што бебето Теодор проползе првпат во Белата куќа“.

Малечкиот Теодор инаку е трето дете во семејството на Иванка Трамп и сопругот Џеред Кушнер кој го добија по четиригодишната Арабел Роуз и Џозеф Фредерик.

Во текот на на кампањата се залагаше за попристапна грижа за децата на вработените мајки и изедначување на платите на жените и мажите, што се агенди кои традиционално ги заговара Демократската партија.