Радикални исламисти во Германија регрутираат бегалци
Претседателот на германската Федерална канцеларија за заштита на уставот, Ханс Георг Масен предупреди дека радикални исламисти салафисти се обидуваат да регрутираат муслимани сунити меѓу бегалците во Германија.
- Ние го следиме однесувањето на салафистите како филантропи и хуманитарци кои намерно сакаат контакт со бегалците и потоа ги повикуваат во одредени џамии со цел да ги регрутираат за сопствени цели, изјави Масен за весникот „Рајнiше пост“.
Масен ги минимизираше стравувањата дека групата „Исламска држава“ би можела да испрати свои терористички групи измешани со бегалаците во Германија, истакнувајќи дека Федерална канцеларија за заштита на уставот и Федералната разузнавачка агенција следеле многу траги и не пронашле било какви знаци дека такво нешто постои.
Патиштата по кои се движат бегалците се премногу опасни за терористи, бидејќи така ризикуваат смрт или можност да бидат откриени, истакнува Месен.
Експертите за безбедност сметаат дека ризикот за терористички групи како ИД да успеат да прошверцуваат екстремисти во Европа заедно со бранот бегалци е многу помал од тоа што го престатвуваат некои политичари.
Германската влада годинава очекува околу 800.000 бегалци, пред се муслимани од Сирија, Ирак и Авганистан.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец
-
Отстранети околу 50 кубни метри отпад од диви депонии во општините Центар и Чаир
-
Уапсени три лица во Гостивар - Пронајдена и одземена марихуана
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер | ФОТО
-
ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник