Ракомет
8. May 2016 - 19:54

Радичевиќ: Тешко беше да се вратиме во игра

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар трета сезона по ред Ф4 турнирот го завршува на третото место. Денеска ЖРК Вардар го победи досегашниот европски шампион Будуќност со 30-28.
Јованка Радичевиќ со 6 голови беше втор стрелец во редовите на „црвено-црните“:
- Задоволна сум од победата над Будуќност бидејќи беше навистина тешко да се вратиме во игра по вчерашниот разочарувачки настап со Букурешт, изјави по дуелот Радичевиќ.