Радев: Реконструкцијата на Владата е купување време на штета на Бугарија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска оцени дека реконструкцијата на владата што ја направи премиерот Бојко Борисов, а денеска беше потврдена од парламентот, е обид да се купи време на штета на Бугарија.
-Најлошата можна работа во земјата и општеството е кога јавноста не и верува на владата, рече Радев, пренесен од БТА.
Борисов смени четворица министри по двонеделните протести со кои се бара оставка на владата и државното обвинителство. Пред околу десетина дена претседателот Радев побара оставка од владата.
Зборувајќи денеска пред новинарите Радев кажа дека најважно е дека сега постои силна граѓанска волја за која верува дека ќе придонесе за зголемување на политичката волја.
-Ни треба влада чиј приоритет ќе биде безбедноста и просперитетот на бугарските граѓани, а не интересите на деловните кругови, рече Радев.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом