-->
-->
Радев на чествување на Денот на бугарската армија во Ново село
-->
На бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко денеска беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.На чествувањето присуствуваа бугарскиот претседател Румен Радев, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, владиците Наум и Климент, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.
Поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан во сослужение со владиците Наум и Климент одржа света упокоена литургија за загинатите војници закопани на овие гробишта.

Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.
Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран, каде попладнево се одржува работна средба меѓу двајцата државници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
