Радев му одговори на Пендаровски
Во екот на предизборната кампања Радев го повика Пендаровски да се држи до историската вистина кога бара извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи. Бугарскиот претседател им одржа лекција по историја и на останатите македонските политичари.
Радев и со порака дека европскиот пат на Македонија не може да се гради врз ваквиот став кон Бугарија.
На втори април во Бугарија се одржуваат нови избори, а гласањето за бугарските државјани во Македонија ќе биде озовозможено на седум локации. За првпат тие ќе можат да гласаат и во Тетово. Ова било договорено на средбата меѓу тетовскиот градоначалник Касами и и бугарскиот амбасадор Ангелов.
На официјалниот сајт на бугарската амбасада стои дека избирачки места ќе се отворат и во Скопје, Битола, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Струмица.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар