Радев ги распиша вонредните избори за 27 октомври и го потпиша указот за именување на преодна влада на Бугарија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години и потпиша указ за именување на нова преодна влада предложена од Димитар Главчев кој е номиниран за привремен премиер.
Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание – јавува „Радио Бугарија“.
Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петкова. Разликата меѓу новата и старата привремена влада на Димитар Главчев е разрешувањето на министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, чие место ќе го заземе актуелниот шеф на Националната полиција Атанас Илков – објави „Радио Бугарија“.
Главчев покрај премиерската функција повеќе нема да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, туку шеф на бугарската дипломатија ќе биде Иван Кондов, досегашен заменик министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
-
Пратениците донесоа повеќе закони
-
Празникот на сите светци - 1 ноември неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Приведени двајца бегалци од затвор кои извршиле тешки кражби
-
Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон
-
Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација „Skopjebus”
-
Албанија со историски највисок буџет во 2025 година, проектиран на 8,2 милијарди евра
-
ЦУ: Запленета спортска опрема, храна за миленици, цигари и тутун