Радев: „Францускиот предлог“ е најдобар во моментов
„Францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија е најдобар за Бугарија, но бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија, изјави денеска во Пловдив бугарскиот претседател Румен Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека најдоброто е тоа што Бугарија успеала да се спротивстави на два совета за проширување на ЕУ, кога имала јасна позиција и јасни аргументи.
Според Радев, европските партнери на Софија го делат нејзиниот став дека „прашањето за одбрана на граѓанските права и борбата против дискриминацијата не може да биде билатерално прашање само меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, туку мора да се постави на ниво на ЕУ“.
Тој уште ги повика бугарските политичари да не брзаат со прогласување „историска победа“, бидејќи, како што нагласи, промената на Уставот на Северна Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ.
– Треба да биде јасно дека овој процес се заснова на два важни документи – првиот е Преговарачката рамка, која е обврска и ја подготвува ЕУ. Вториот е билатералниот протокол, кој е наша заложба и е составен дел на преговарачката рамка, рече Радев, додавајќи дека во моментов предложениот билатерален протокол „не дава доволно гаранции за заштита на интересите на Бугарија“.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
