Радев: Бугарија е најзаинтересирана да ја види Македонија во ЕУ
Бугарија очекува ефективни дејствија од институциите на Европската Унија за валоризирање на вредностите на демократијата и почитувањето на човековите права во Република Северна Македонија. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев денеска за време на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Радев, ова ќе го забрза процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија. Бугарскиот претседател го потсетил Вархеји дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува и Скопје, според Радев, сè уште не го решил проблемот со говорот на омраза и всадување лажна слика за Бугарија во учебници, музеи и споменици, како и во однос на правата на граѓаните кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест.
Претседателот на Бугарија Радев за време на разговорот со еврокомесарот Вархеји истакнал дека „120.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија се државјани на Европската Унија, и Бугарија се потпира на поддршката на европските институции за ефективно почитување на нивните права“.
Напредокот во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан исто така беше во фокусот на разговорот меѓу Румен Радев и Оливер Вархеји.
– Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската Унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се основа на европската соработка, нагласил бугарскиот претседател.
Заедничкиот став беше дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања, најважен е директниот и отворен дијалог.
По Софија, еврокомесарот Оливер Вархеји ќе ја посети Република Северна Македонија, каде што ќе се сретне со нејзиниот државен врв.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола