-->
-->
Радески: Задоволен сум, освоив титула со гол
-->

Екипата на Шкеднија триумфираше во финалето на Купот на Македонија со 2:0 над Работнички, а стрелци на головите беа Марјан Радески и Стенио Жуниор. Голот на Радески на самиот старт на натпреварот во 7.минута на тимот од Тетово му донесе предност, пред се психолошка.
- Сите сме пресреќни, особено јас бидејќи ова е моја прва титула во кариерата. Знаевме дека играме против исклучително незгоден противник каков што е Работнички. Одигравме одличен натпревар, добро се подготвуваме и резултатот дојде на виделина. И Работнички имаше свои шанси за гол, но среќата беше на наша страна. Голема благодарност на соиграчите што ми овозможија титулата да ја прославам со гол, изјави стрелецот на првиот гол на синоќешното финале.
Вториот гол за потврдување на победа го постигна Жуниор во судиското надополнување на второто полувреме.
фото: www.sportmedia.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
