-->
-->
Рачна бомба фрлена врз центар за бегалци во Германија
-->

Непознат сторител во текот на минатата ноќ фрлил рачна бомба врз центар за сместувње за бегалци во местото Шварцвалд Бар Крајс во германската сојузна покраина Баден Виртемберг.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, бомбата не експлодирала, најверојатно поради проблеми со детонаторот, по што полицијата спровела контролирана експлозија.
Во овој бегалски камп се сместени околу 170 баратели на азил.
Засега нема осомничени лица за нападот кој е 69 по ред во покраината Баден Виртемберг од почетокот на 2015 година.
Во Германија вкупно минатата година имаше над 800 напади врз бегалци, од кои најголем дел се опожарувања на бегалските центри за сместување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
-

За 72 часа стартува „Safe City“ – МВР апелира граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Пратенички прашања во Парламентот – најмногу одговараше Мицкоски
-

Нацрт верзијата за укинување на техничката влада е доставена до пратениците, СДСМ се противи
-

Сиљановска ги потпиша измените на Кривичниот законик
-

Ќе се градат гробишта за домашни миленици во општините
