Бизнис
16. April 2021 - 16:41

Работниците го губат трпението

Сите досегашни жртви ќе паднат во вода ако петтиот пакет мерки не биде итно донесен. Пртседателот на најголемата комора во земјава, Бранко Азески апелира до секој пратеник во Собранието да се донесат законите со кои ќе се овозможи поддршка на македонската економија во услови на тешка здравствено-економска криза. 

„Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата“, напиша Азескич.

Ист апел испрати и првиот човек на најголемито синдикат во земјава. Дарко Димовски вели дека трпението на работниците е при крај.

Меѓу другите мерки што се чекаат од пратениците се и парите за плата за февруари и март. За февруари над 10% од фирмите не исплатија, плата, а заклучно со вчера веќе мора да е исплатена и мартовската плата. Чекајќи ги парите околу 6000 работници веќе се на принуден одмор.