Работници од „Фени“ бараат да се истражат наводите на „Транспаренси“ за стечајот на компанијата
Работници и претставници на синдикалниот одбор во фабриката „Фени индустри“ преку отворено писмо бараат од раководството на „Транспаренси Интернешнл“ во Берлин да ги истражи наводите што во јавноста ги изнесува претседателката на Транспаренси во Македонија во врска со стечајот на „Фени“.
Во писмото тие наведуваат дека се крајно разочарани и вознемирени од нејзините постапки и оти за нив е нејасно, како личност како Тасева може да завземе страна и да постапува по претставка без да направи вистинска проверка на фактите и податоците.
- Претставката по која работи Транспаренси Интернешнл-Македонија, е по барање на групацијата Кунико Ресорис. Оваа групација Кунико, ја донесе компанијата ФЕНИ во стечај и ние како работници изминатите две години се соочивме со егзистенцијални проблеми, кои се многу добро познати на македонската јавност и на институциите. Одговорните лица од Кунико, избегаа од државата, а за нив веќе има поднесено кривични пријави од надлежните органи. И тогаш јавно овде во Македонија и сега ве прашуваме Вас, дали реномирана организација како Транспаренси Интернешнл постапува по била чија преставка, дури и кога се работи за однапред испланирано малциозно сценарио, и се става себеси во функција на штитење на интерес на криминалец, на компанија што остави на милост и немилост 800 вработени, се вели во писмото.
Претпочитаме да веруваме, се додава во писмото, дека се работи за испад односно изолиран случај каде Тасева по сопствен избор ја злоупотребила организацијата, ставајќи се во функција на приватни и нечесни интереси.
- Загрижени сме за тоа како се одвива целиот процес посебно затоа што се шират информации дека токму Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклучени во стечајната постапка на ФЕНИ за надоместок во износ од 50 илјади евра и дополнителни средства по добиената постапка. Ние како работници, ниту сме институција, ниту имаме ресурси и начин да ја истражуваме вистинитоста на ваквите наводи, токму затоа сметаме дека токму организацијта што ја претставува Тасева, треба да истражи дали таа навистина ги застапува антикоруптивните принципи за кои се залага Транспаренси Интернешнл или се однесува како платеник, со што го валка угледот на целата организација, се наведува во писмото.
Според синдикалниот одбор, Тасева на прес-конференција отворено се ставила во функција на Кунико Ресурсис, а запрашана зошто не води истрага и за тоа како Фени дошла до стечај, изјавила дека тоа не е нејзина работа.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори