Кошарка
4. May 2023 - 20:04

Работнички со убедлива победа избори мајсторка со Гостивар

Кошаркарите на Работнички со убедлива победа од 80-53 се изборија за мајсторка против Гостивар во четвртфиналето од плеј-офот за шампионскиот трофеј. 

Домашните доминираа во сите четвртина на мечот што се одигра во СРЦ Кале и предводени од 

Џелетовиќ со 18 поени и 9 скока не дозволија противникот да фати резултатски приклучок.  Двоцифрени беа Малешевиќ, Шошкиќ, Умпиг и капитенот Марковски.

Решавачкиот натпревар ќе се одигра во Гостивар. Мајсторки ќе има и на дуелите ТФТ- Еуроникел и Феникс - Пелистер.