Фудбал
8. July 2015 - 13:47

Работнички со стрплива игра може до резултат за следната рунда

Освојувачот на Купот на Македонија и последните сезони постојан учесник во еврокуповите, Работнички утре го игра реваншот од 1.коло од квалификациите од Лига Европа. Противникот Флора Талин од Естонија има предност од 1-0 од првиот дуел, но во таборот на нашиот тим се подготвени за игра и да остварат резултат за следната фаза.
На прес конференцијата во пресрет на дуелот тренерот Игор Ангеловски истакна:
- Формациски ништо нема да менуваме 4-4-2 е нашата формација, само ќе барам пристапот да биде поофанзивен. Тука се разбира дека ќе мора да наметнеме висок пресинг и притисок во фазата на одбраната кога противникот ќе ја има топката, а кога ќе биде кај нас топката да бидеме стрпливи и шансите ќе дојдат, изјави Ангеловски.
- Без разлика против кој и да играме ако Работнички игра на високо ниво, која било предност на ривалот можеме да ја анулираме, дополни тренерот на Работнички.
За капитенот Баже Илијоски ова ќе биде вистински предизвик бидејќи за пласман понатаму потребно е да се тресе мрежата на гостите од Естонија.
- Имаме инает и доволно мотив за да дадеме максимум на утрешниот натпревар и да постигнеме резултат што ќе не однесе во второто коло.
Натпреварот Работнички – Флора се игра утре со почеток во 20 часот, а отворена за гледачите ќе биде само северната трибина на Националната Арена „Филип Втори“.