Кошарка
24. October 2017 - 20:40

Работнички победи во Гевгелија

Кошаркарите на Работнички вечерва го постигнаа и третиот триумф во Првата лига и им се приклучија на екипите на Блокотехна, Гостивар и Карпош Соколи кои имаат максимален учинок. Екипата на Кожув од Гевгелија е во групата екипи без победа по заедно со Шкупи и Струмица.
Работнички оствари убедлива победа над Кожув со 94:53 (24:16; 16:14; 27:13 и 27:10). Најефикасен на дуелот беше играчот на Работнички Маркус Гинјард, додека за Кожув најпрецизен беше Иван Мишковиќ со 25 поени.
Последниот натпревар од 3.коло се игра утре меѓу Струмица и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18:30 часот.