-->
-->
Работнички очекувано прв полуфиналист во Купот на Македонија
-->
Екипата на Работнички е првиот патник во полуфиналето на Купот на Република Македонија откако за 40 минути успеа да го совлада Карпош Соколи. Клубот од Карпош е елиминиран уште во четвртфиналето со што е сигурно дека трофејот нема да се врати кај „соколите“ туку ќе добие нов сопственик.
Тренерот Михаил Наумовски на располагање имаше млади сили кои се ’држеа’ во игра в првите пет минути со деветкратниот освојувач на Купот. Кон средината на првиот период „центарци“ двојно ја зголемија позитивата која до крајот на натпреварот продолжи да расте. Последниот период на теренот истапија младите сили и на Марин Докузовски кои ја одржуваа разликата се до крајот на натпреварот.
Работнички славеше со конечни 103-49 (26-9, 25-14, 22-15, 28-11).
Работнички во полуфиналето (утре) за противник ќего има подобриот до четвртфиналната пресметка меѓу Куманово и Гостивар.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од мечевите Блокотехна - АВ Охрид и МЗТ Скопје А. - Фени Индустри.
Дамите во сабота ќе ги одиграат полуфиналните дуели во кои ќе се сретнат Бадел – Струга и Вардар – Пелистер
Додека женското финале е во недела од 16, а машкото од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни