Кошарка
6. јуни 2022 - 9:04

Работнички 2018 е шампион во јуниорска конкуренција

Кошаркарите на Работнички ја потврдија својата доминација низ натпреварите од регуларниот дел од М18 лигата, откако во големото финале вчеравечер на завршниот турнирт во Скопје, славеа убедлив триумф против МЗТ Скопје Аеродром со 102:57.

За најкорисен играч на финалниот турнир во СРЦ „Кале“, беше избран Андреј Шошкиќ. Тој имаше одлишни настапи и во полуфиналето, против екипата на Водно Санс, но и во мечот кој решаваше за титулата.

Претходно, во натпреварот за трето место на турнирот, екипата на Водно Санс го совлада Куманово (78:67) и го освои третото место на завршниот турнир.