Работната група за уставни измени го подготви предлогот на една седница - во преамбулата ќе се вметнат повеќе народи
Во македонскиот Устав да влезат не само Бугарите, Хрватите и Црногорците, кои досега се спомнуваа, туку уште словоенечкиот, еврејскиот и египќански народ. Ова е предлогот на работната група кој по само еден состанок го изработи документот за пристапување кон измена на Уставот. По 8 часовна дебата, за вметнување на народите гласале сите членови на работното тело. Освен промени во преамубалата, со предлогот се предвидува измена и во амандманот 35 како и комитетот за односи меѓу заедниците заради зголемување на бројот на народи.
Предлогот ќе треба да го одобри владата а потоа истиот ќе биде испратен до собранието каде ќе треба да се изработат амндманите кои ќе се најдат пред пратениците.
Вметнувањето на шесте народи не биле единствени прашања за кои се дебатирало во работната група. Имало и други предлози, но како што вели Цаца Николовска, тие биле само презентирани.
Со изработката на предлогот за пристапување кон измена на Уставот, прекинува и работата на телото, а како што вели неговата претседателка, како предвидените измени ќе се спроведат, зависи од уставната комисија на собранието и пратениците.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар