Работна средба за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор
Во Министерството за правда денеска се одржа работна средба на претставниците на институциите од правосудниот сектор и од граѓанскиот сектор, со претставници на Работната група за изготвување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со Акциски план.
Средбата, како што соопшти Министерството за правда ја отворил министерот Билен Саљији, а претседателот на работната група професорката Ана Павловска Данева, накратко ја презентираше Нацрт - Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која претходно била електронски доставена до учесниците.
Притоа, таа укажала дека во текот на подготовката биле земени предвид нивните забелешки и предлози, доставени во раната фаза на подготовка.
Дел од овие забелешки, според неа, се вградени во Нацрт - Стратегијата и во Акциониот план, а дел од нив ќе бидат во идните законски решенија.
Учесниците го поздравиле начинот на подготовка и усвојување на Нацрт-Стратегијата, ги поддржале предложените решенија и дале дополнителни сугестии и предлози за нејзината содржина.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар