Македонија
29. December 2015 - 9:17

Работна средба на организации на лица со хендикеп

Движењето против хендикеп „Полио плус“ денеска организира  работна средба и дебата со претставници на организации на лица со хендикеп и со членовите на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ).

Тема на работната средба е „Кон новите предизвици, се што би сакале да знаеме што ги очекува лицата со хендикеп во новата 2016, а не сме имале можност да прашаме“. 

Како што најави „Полио плус“, на состанокот ќе се дискутира за преземените чекори од државата, како и за новите мерки и акции кои се планираат чија цел е ефективна и ефикасна имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп.

- Ќе бидат разгледани и целите на делување во насока на надминување на предизвиците и создавање поефикасна соработка со цел подигнување на јавната свест за феноменот хендикеп и создавање  еднакви можности за лицата со хендикеп во Република Македонија, информира организаторот.