Работилници за регистар за испуштање и пренос на загадувачи
Работилници за улогата на граѓанските здруженија во спроведување на протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (рипз) и за градење оперативен регистар во Македонија ќе се одржат денеска и утре во Скопје.
Работилниците ги организираат Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) и Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на проектот „Поддршка во воспоставување и унапредување на Протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и во Молдавија".
Проектот го спроведува Главната канцеларија на РЕЦ во Унгарија, а финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското сојузно Министерство за животна средина.
На работилниците ќе биде презентира и Стратегијата и Акцискиот план за спроведување на Протоколот за РИПЗ во Р. Македонија, статусот и начинот на известување, тековните проблеми и потребни следни чекори за РИПЗ.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта