Македонија
8. November 2016 - 8:40

Работилница за регистри за испуштање и пренос на загадувачи

Субрегионална работилница „Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и Република Молдавија”, ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

На работилницата, како што е најавено, обраќање ќе има заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.