Работилница за проекти за инструментите на Фондот за иновации
Претпријатијата со нацрт-проекти за тековните инструменти на Фондот за иновации и технолошки развој од денеска до 22 март можат да аплицираат за учество на работилница што ќе ја организира Фондот на 8 и 9 следниот месец со цел подобра подготовка на предлог проекти.
Работилницата е наменета за претпријатија што веќе имаат подготвено нацрт проект за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
Бидејќи местата се ограничени, како што информира Фондот за иновации, право на учество ќе имаат првите 20 претпријатија кои што пред почетокот на работилницата ќе имаат изготвено нацрт проект. Аплицирањето, појаснуваат од Фондот, е едноставно, треба да се пополнат само основни информации на линкот https://goo.gl/qKteyk.
Целта на работилницата е Фондот за иновации и технолошки развој да даде поддршка во градење капацитети на бизнис заедницата за изработка на предлог проекти. Фондот за иновации и технолошки развој не гарантира дека учесниците на работилницата ќе добијат и финансиска поддршка, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита