Бизнис
18. February 2016 - 8:34

Работилница за поефикасно управување со водоснабдувањето

Во ЕУ инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи работилница за проектот „Реформи во системот на водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води на локално ниво“.

Целта е да се овозможи поефикасно управување со услугите за водоснабдување, собирање и прочистување на урбаните отпадни води, а со проектот опфатени се Градот Скопје и општините Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово.

На работилницата ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, а од името на Делегацијата на Европската унија ќе се обрати Мартин Клауке.

Проектот е имплементиран од страна на компанијата „Ептица“ во конзорциум со „Сетек“ и „Геинг“.

Работилницата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.