Работилница за филмска музика на „Скопје филм фестивал“
Работилница за филмска музика со Игор Василев – Новоградска ќе се одржи денеска во кино „Фросина“, во организација на „Скопје филм фестивал“.
Игор Василев познат како Новоградска, е артист кој на македонската музичка сцена работи од 1993 под различни имиња и како дел од различни групи.
Негови песни се наоѓаат на сите позначајни компилации со македонска алтернативна музика, а композитор е и на музика за голем број театарски престави („Тетовирани души“, „Сина соба“, „Дракула“ итн.), големиот хит со Каролина Гочева „Ајде да летаме“, како и на музиката за филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски.
На програмата на Фестивалот вечер во кино „Фросина“ ќе бидат прикажани девет кратки македонски филмови од најановата продукција. Станува збор за филмовите на македонски автори кои носат нови и свежи идеи во македонската кинематографија, меѓу нив се Јане Алтипармаков, Елеонора Венинова, Владимир Лукаш, Небојша Јовановиќ, Гоце Цветановски и други.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи