Бизнис
18. September 2019 - 8:42

Работилница во МЗШВ за проектот „Поддршка за интегриран локален развој“

 Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи работилница на која ќе биде презентиран проектот „Поддршка за интегриран локален развој“.

Како што информираат од МЗШВ, се работи за нов проект од Програмата за техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

На настанот ќе се обратат министерот Трајан Димковски и менаџерот на Регионалната иницијатива на ФАО за мали земјоделски стопанства и семејни фарми, Мортен Хартвигсен.