Работен состанок во МТСП за овозможување на донирање на вишоците храна

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Тевдовски и Љупчо Николовски, како и со претставници на граѓанската коалиција за овозможување на донирањето на вишоците на храна „Ајде Македонија“, „Македонска платформа за борба против сиромаштија“, „Ретвитни оброк и Вистински дела на љубезност“, претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот на Националниот демократски институт, Крис Хеншоу.
Од МТСП соопштија дека на состанокот претставниците на граѓанската коалиција ги презентирале наодите од анализата со која се утврдува колку граѓани во Македонија имаат проблем да обезбедат храна и колку од друга страна се фрла храна. Анализата утврдила дека околу 445.000 граѓани имат проблем да озбезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во денот, а се фрла помеѓу 4.500 и 6.500 тони на храна со вредност меѓу 8 и 11,6 милиони евра, која има потенцијал да нахрани околу 13.000 граѓани со по три оброци дневно.
Причината за фрлање на храната, се посочува во соопштението, лежи во неколкуте законски пречки како што се одговорност од несакани последици, но и даночните проблеми при што беше побарано да се воведе едноставна процедура за даночни поттикнувања за оние кои ја донираат храната, да се изготви владина програма за поддршка на граѓанските организации кои би ја дистрибуирале храната, да се направи список на храна која може да се донира по поминувањето на нејзиниот рок, итн.
Владините претставници изразиле задоволство од иницијативата која ја водат граѓанските организации при што се искажала волја да се преземат мерки за надминување на моменталните состојби.
За таа цел се договори во идниот период да се формира работна група од претставници на институциите и граѓанските организации за да се операционализираат мерки кои би го овозможиле донирањето на вишоците храна и би се помогнало на илјадници социјално загрозени граѓани, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
