-->
-->
Работел 3 работи за на сите девојки во училиштето да им купи ружи за Валентајн
-->

Додека голем број од момчињата за Валентајн купиле една или неколку ружи, ова момче од сојузната американса држава Јута купил дури 900 ружи. За тоа како што вели, напорно работел со месеци.
- Денеска поклонив 900 ружи, по една за секоја девојка во моето училиште. Мислам дека не може да се спореди чуството кога гледате како секоја девојка од училиштето се шета со ружата што вие сте и ја поклониле, напишал Хајден Годфреј на Фејсбук.
Неговата објава ја споделиле илјадници луѓе.
Своето изненадување го планирал со месеци, паралелно работел три работи за да може да заштеди 450 долари, а со нив да купи 900 ружи.
- Цврсто верувам дека ниедна девојка на Валентајн не треба да се почуствува изоставено. Кога јас би се прашувал, Валентајн не треба да го слават само паровите, туку на тој ден да се слави љубовта кон сите луѓе.
Сега вели дека прима по стотина пораки од девојките кои му се заблогадаруваат за ружите.
Многумина ги изненадило и информацијата дека Хајден има девојка, а во врска е шест месеци. Таа во целата оваа приказна како што вели му била најголема подршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
