-->
-->
Путин збесна на Советот за безбедност во ОН: Сетете се што и направивте на Југославија
-->
Претседателот на Русија Владимир Путин повторно повика на почитување на меѓународното право како би се избегнале ситуациите слични на бомбардирањето на Југославија. Путин тоа го рекол одговарајќи му на претседателот на Финска Саули Нинисте кој оценил дека Русија е сама виновна за санкциите кои и се воведени.
Рускиот претседател нагласил дека Советот за безбедност на ОН мора да ги одобри санкции за тие да бидат легални, што значи дека мерките кои се воведени против Русија се нелегални.
- Никој не воведува санкции против оние кои ги довведуваат земјите во ситуација да мораат да превземаат мерки за да ги заштитат своите интереси. Ќе го вратиме почитувањето на елементарните норми на меѓународните права и Повелбата на ОН и можеби нема да мораме да мислиме за последниците од бомбардирањето на Југославија, рекол Путин.
Тој повика светот да се врати во нормалниот политички живот и да стане свесен дека е меѓусебно зависсен.
- Треба да работиме заедно ако мислиме да постигнеме заеднички резултат, порача Путин.
Тој потсети дека Европска унија претрпела поголема штета поради антируските мерки од самата Русија, наведувајќи се на податоците на Европската комисија за 2015 година и 2016 година, губејќи околуи 50 милјарди поради санкциите, додека губитокот на Русија се проценува измеѓу 25и 26 милјарди евра.
Путин додаде дека според оценките на германските експерти оваа земја претрпела губиток од 56 милјарди евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
