Путин: Западот нема право да ги користи зборовите демократија и слобода
Путин го нарече Западот алчен, нагласувајќи дека сака Русија да биде негова колонија.
„Затоа Западот води хибридна војна против Русија. Тие не сакаат да не гледаат како слободно општество. Тие сакаат да не гледаат како куп робови“, рече Путин.
„Ним не им треба Русија. Нам ни треба Русија“, рече тој.
Путин повторно ја искористи можноста да повтори дека Западот се обидува да ја ослабне Русија.
„Во 1991 година, Западот веруваше дека СССР или Русија нема да се вратат од тој удар. Имавме страшни деведесетти, но Русија го издржа и стана помоќна и го зазеде своето вистинско место. Но, Западот бара нови можности за не удрија и тие секогаш сонуваа да ги разделат нашите земји на помали земји кои ќе се борат една против друга“, рече Путин.
„Западот има двојни, тројни стандарди. Русија е голема земја и голема цивилизација и нема да продолжи да живее под лажни правила“, рече Путин.
Тој нагласи дека западните елити отсекогаш биле колонизатори и такви останале и дека Западот нема право да ги користи зборовите демократија и слобода бидејќи не ја поддржува одлуката на народот на Крим.
Тој испрати порака до војниците кои учествуваат во воените акции во Украина, но и до нивните семејства
„Тие мора да разберат за што се бориме“, рече Путин.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората